Власта и опозицијата се согласија дека проблемот со аерозагадувањето е во институционалната неспособност

0
80

Законите и новоформираните институции, не ги даваат очекуваните резултати околу намалувањето на загадувањето на воздухот. Власта ништо не направи во последниве 3 години по ова прашање, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Проблемот е во квалитетна, стручна и како што потенциравте вие, чесна имплементација на овие закони. Спрегата со бизнисот , со политиката , вие сами ја потенциравте, е огромна. Што сакам да кажам? Значи, за три години не се промени апсолутно ништо, рече Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ.

Субвенциите за печки на пелети, за вградување плински уреди во автомобилите и за инвертери, кои вие не сакавте да ги гласате, се дел од мерките во борбата со аерозагадувањето, возвратија од владеачката СДСМ.

Има една анализа во која се следи загадувањето на град Скопје. Вие најмногу милувате да зборувате за градот Скопје. И таа покажува дека бројот на денови со високи загадувања во 2019 година е намален. И е драстично помал од 2012 година, рече Костадин Ацевски од СДСМ.