ВМРО-ДПМНЕ: Во 2020та не смеат да се повторат грешките од минатата

0
71

Во 2020та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите и срамот кој што Заев им го испорача на граѓаните во 2019-та година.

Оние 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија и беа заборавени од власта ќе го испратат Заев во политичка пензија. Сите оние кои овие 3 години беа ограбувани, угнетувани и понижувани од оваа власт ќе кажат доста е, бидејќи сакаат подобра иднина за нивната земја. Доаѓа времето за обнова на Македонија, време на суштински реформи и успешна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како нашата држава да ја стави на брзата трака за членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ може и знае како нашата држава да ја доближи до европскиот стандард и западните традиционални вредности. Граѓаните на 12 април ќе изберат мерит систем наместо непотизмот. Ќе изберат успех на државата наместо порази на секој чекор. Ќе изберат силна економија и дигитално општество кое ќе го замени расипништвото кое го донесе Заев. Доаѓа време на обнова на Република Македонија.