ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Зоран Заев мафијата си доби своја држава

0
76

Со СДСМ и Зоран Заев мафијата си доби своја држава, а со судската опомена на тепачот Курту Дудуш државата доби заштитник на насилниците.

Врв на хипокризија е кога на СДСМ не му смета Курто Дудуш кога тепа граѓани во канцеларија, а им смета Цветан Трипуновски кој врши рутинска проверка.

Лицемерно е да се пишуваат соопштенија и да се даваат изјави затоа што Цветан Трипуновски фатил функционер на СДСМ со нозе на биро за време на работно време, а да не се реагира кога градоначалникот на Демир Хисар се заканува на вработени пред малолетни деца.

СДСМ е во тесна спрега со судството, погазувајќи го правниот поредок и владеењето на правото во Република Македонија.

СДСМ не го осуди криминалот, корупцијата и рекетот, но се исплаши од Трипуновски кој си ја врши работата и е заштитник на земјоделците.