Вооружени разбојници ограбиле казино во Порта Влае

0
76

Вулгарно, со закани кон вработените ги одзеле парите од дневниот промет, ги ставиле во бели вреќи и избегале.

За среќа никој не е повреден, велат од полицијата. Но, колку пари биле одземени, на каде се упатиле разбојниците и кој е нивниот идентитет засега не е познато.

Грабежот во полиција бил пријавен вчера во 6:27 часот. Од МВР без многу детали, велат преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор грабеж кој за кус период се случува во овој регион. Пред шест дена при вооружен грабеж во НЛБ Банка во населбата Ѓорче Петров биле одземени 8.700 евра.