Во декември акциите на Гранит и Комерцијална банка беа најинтересни за инвеститорите

0
78

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.12.-31.12.2019 година вкупниот промет изнесува 765.485.112 денари и е зголемен за 15,14% во однос на претходниот месец ноември.

Класичното тргување изнесува 476.014.452 денари и е зголемено во однос на ноември за високи 31,74%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 466.884.275 денари и обврзници во вредност од 9.130.177 денари.

Блок трансакциите во декември изнесувале 272.373.661 денари и бележат пад од 10,21%.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.768, односно 322 трансакции помалку во однос на ноември, со што бележи пад од 22,27%.