Во Кина околу 80 загинати од коронавирусот

0
75

Кинеските власти соопштија дека се зголемува способноста на новиот коронавирус да се шири и оти бројот на инфицирани постојано расте. Во Кина досега се регистрирани над 2.700 заразени и околу 80 умрени. Властите наведуваат дека Кина влегува во критична фаза со оглед на тоа што коронавирусот добива во интензитет. Во истовреме неколку земји во светот открија неколку случаи на заболени, меѓу нив, Тајланд, Австралија, САД, Канада и Франција.