Во Крушево синоќа се одржа верската поворка „Дева“

0
86

Синоќа со песната „Дево Дејане“ и со верската поворка „Дева“ што се организира само во Витлеем и Крушево беше најавено Христовото раѓање.

Оваа од неодамна традиционална верска манифестација преставува посебна духовно исполнување но и туристичка атракција за оние кои прв пат учествуваат на неа.

Сите оние кои учествуваа во поворката „Дева“, крушевчани,но и туристите кои престојуваат во овој град даруваа пари. За сиромашните и за хуманитарни акции што ќе бидат реализирани од организаторите на манифестацијата „Дева“ – училиштето Наум Наумоски Борче, локалниот младински совет, Македонската православна црква и локалната самоуправа на градот.