Во Црна Гора разбиен најголемиот синџир на трговија со луѓе на Балканот

0
86

Црногорската полиција соопшти дека го разбила најголемиот синџир на трговија со луѓе на Балканот и дека се уапсени осум лица осомничени за организирање на криминална група која држела над 90 тајвански државјани во ропство, за во нивно име да извршуваат измами на интернет.

„Претставници на полициската управа во координација со Специјалното обвинителство вчера спроведоа меѓународна акција за пронаоѓање и разбивање на најголемиот синџир на трговија со луѓе на Балканот во последно време. Досега се уапсени осум лица под сомнение за сторено кривично дело трговија со луѓе и организирање криминална група“, соопштија од полицијата, додавајќи дека идентификувала 12 жртви на злосторството, а дека се обработуваат податоци за уште 85 лица.