Времето ќе биде облачно со магла претежно по котлините

0
80

Времето ќе биде облачно. Во поголемиот дел од денот по котлините ќе има магла, додека во останатите делови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и ќе има магла. Утринската температура ќе достигне до минус 1 степен, а дневната до 6 степени.