Време е за подмладување?! Но, не ни треба никој „помлад“ од Кире Лазаров

0
153

Кире Лазаров и на ова ЕП е ракометарот на Македонија кој се наоѓаа на листите кои почнуваат со „Топ играчи“. Се наоѓа на третото место на Топ стрелците по трите одиграни кола. Македонскиот „бомбардер“ е на третото место со 22 голови или 63 отсто реализација. Веројатно нема да остане на таа позиција до крајот на првенството, но барем засега е добро да се види дека барем еден ракометар на Македонија е меѓу наојдобрите.

Кога победува, сите се херои, но кога губи Македонија, тој е една од ретките светли точки. Има 39 години, но на теренот е како сега да почнува да игра ракомет, како да треба да се докажува. Впрочем тоа го направи и со изјавата по мечот. Голем и во поразите, вели заслужуваат секакви критики.

Но, најмалку тој треба да бара извинување од фановите, бидејќи толку многу не’ задолжил сите.

Изјавата на селекторот Брестовац по мечот беше:

Конечно треба да се свртиме кон тоа вистинско подмладување и ќе треба да ризикуваме… Останува да им дадеме доверба на младите, одиме понатаму, мислам дека во догледно време ќе имаме добра селекција и ќе се вратиме на големата сцена.

Но, не ни требаат помлади играчи, или подмладување, ни треба Кире Лазаров, ни требаат ракометари кои ќе преземаат одговорност, кои ќе имаат храброст да шутираат на гол, кои ќе се обидуваат да ја достигнат нашата „седумка“.

Знаеме сите дека денот кога Лазаров ќе каже „крај“ не е далеку, но без него нема да биде исто.

Ракометот е национален спорт, тоа го покажуваат преполните сали, но и сите оние навивачи кои беа во Виена, на ова, но и на претходните Европски првенства. Ракометот е една од ретките светли точки во колективниот спорт, поради тоа или на теренот, или покрај него, Лазаров мора секогаш да е тука.

Редакција sportm.mk