Вучиќ:Тежок разговор со Ѓукановиќ, позициите се многу оддалечени

0
115

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека синоќа имал тежок и сложен разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

-Долго зборувавме за положбата на српскиот народ и за неодамна донесениот закон за верски слободи во Црна Гора. Се согласивме дека нашите ставови и позиции се многу оддалечени и дека не може да се постигне заеднички став за овие прашања, изјави Вучиќ за „Блиц”.

Разговаравме како цивилизирани и одговорни луѓе, свесни дека Србија и Црна Гора никогаш не треба да бидат антагонизирани една на друга и дека е потребно да се продолжат разговорите што е можно поскоро, кои ќе доведат до натамошно намалување на тензиите и изнаоѓање решенија, кажа Вучиќ.