Градоначалникот Јанчев го посети првороденото бебе во Кавадарци

0
88

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев попладнево го посети првороденото бебе Калин во кавадаречката болница, син на Благица и Бојан Стојеви.

Освен мајката која на свет го донесе првото бебе оваа година во регионалната болница, подароци добија и другите мајки со новороденчиња, како и тие кои допрва ќе се породат, а се во болницата.

Градоначалникот го посети и Детското одделение, па на дечињата кои во моментов се таму, им подари новогодишни пакетчиња.