Граѓани со иницијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

0
77

Здружението „Велес Бајкинг“ покрена иницијатива со која бара да се укине забраната за превоз на велосипеди во воз. За нив нелогична е ваква мерка, ако општеството се залага за здрава животна средина.

„Неколку години наназад е воведена забраната за транспорт на велосипеди со воз. За разлика од современите европски и светски општества во кои толку силно се огледуваме и се стремиме кон нив, во практичниот живот целосно одиме во спротивен правец. Во Хрватска, на пример, се субвенционира возната карта ако со себе имаш велосипед ( значи имаш помал износ за 10 или 20%). Во Македонија треба да се молиш да дојде „Шпанецот“ па ако веќе дојде, а сте група од 7 или повеќе велосипедисти, треба само 5-мина да се качат ( останатите не смеат) и дополнително да платат 190 денари за велосипедска карта. Наша иницијатива е слободен транспорт на велосипеди, редовна патничка карта за корисникот и симболичен надомест за велосипедот ( 50-60 денари)“, стои во иницијативата.