Дадено позитивно мислење за предлог – законот за субвенциониран студентски оброк

0
74

Владата даде позитивно мислење на барањето на Собранието на Северна Македонија на Предлог – законот за субвенциониран студентски оброк, кој во пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.

Законот предвидува студентите за значително пониска цена да се хранат во рестораните кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.

„Со донесувањето на законот ќе се овозможи секој студент кој е државјанин на Републиката, без разлика дали е на државен или приватен универзитет, да има право да користи дневна субвенција за здрав оброк во износ од 120 денари. Студентите се иднината на нашата земја и истите заслужуваат да ги користат истите придобивки кои ги имаат нивните врсници во Европа. Ваков закон веќе одлично функционира во Словенија. Мораме да покажеме дека како држава се грижиме за стандардот на студентите“, посочи Моника Зајкова од ЛДП, која е предлагач на законот.