Два километри од автопатот Скопје-Блаце ќе се градат 1,5 година, а која година ќе биде готов не се знае

0
95

Од Скопје за Приштина ќе се стигнува за помалку од еден час, но од која година никој не знае. Првично владата најави дека 12,5 километри автопат од Скопје до Блаце ќе биде готов во 2023 година, но денеска на потпишувањето на договорот со „Гранит“ за изградба на првите 2 километри кои ќе чинат над 12 милиони евра, надлежните избегнуваа да прецизираат рокови. Само се знае дека првите 2 километри ќе почнат да се градат на пролет, и треба да се готови дури по 1,5 година или на средината на 2021-та. А проектот за останатите 10 километри допрва ќе се прави.

Најубаво е добар проект и да не се радуваме на брз проект, некогаш изгледа бавно но добриот проект прави брза градба. Тогаш нема да има никаков проблем, рече Китанов.

За Сугарески пак не е преголема реклама промоцијата на 2 километри автопат кој со години се најавува.

Апсолутно не мислам дека е некаква фанфарија, туку сакаме да ја информираме јавноста дека почнуваме, практично од на пролет со изведба на овој проект, рече Сугарески.