Две лица загинаа, а стотици се повредени од огномети и петарди во Франција и Италија

0
75

Две лица загина, а околу 250 се повредени во Франција и Италија поради огномети и петарди за време на новогодишната ноќ.

Медиумите во Франција јавија за смртта на едно лице од околу 30 години кое починало додека се обидувало да запали огномет.

Во Франција повредени се околу 50 лица кои претежно имаат повреди на лицето и екстремитетите. Меѓу нив има голем број на малолетници.

Во Италија во новогодишната ноќ едно лице загина, а повеќе од 200 луѓе се повредени од петарди од кои 11 се здобиле со сериозни повреди.