Депонијата Дрисла повторно под ингеренции на Град Скопје

0
82

Бугарското обвинителство почна истрага за компанијата за управување со отпад Бластион под сомневање дека се извршил увоз на токсичен отпад од Италија во Бугарија за една термоцентрала кај Варна. Еден од косопствениците на оваа компанија е и директорот на Дрисла, Горан Ангелов. Оваа истрага беше причина денес да биде последен ден на Ангелов како директор на Дрисла, бидејќи таа и онака од денеска премина во рацете на Град Скопје. Шилегов најави дека утре ќе го разреши Ангелов, а од Обвинителството побара да истражи дали директорот на Дрисла увезувал опасен отпад и во Скопје.

Едната контрола беше редовна, а другата вонредна, но не беа пронајдени нерегуларности во работата на претпријатието и за тоа ги известивме надлежните органи. Дрисла не увезува отпад, значи никаков вид отпад не увезува од странство, затоа што не поседува дозвола за такво нешто. Нивна дејност е депонирање на комунален отпад и палење на медицински отпад“-рече Хисни Тачи, Државен инспекторат за животна средина.