ДИК: Немаме надлежност да одлучуваме за назначување на функционери

0
82

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна во врска со спорот околу назначувањето на прв човек на СВР Скопје.

Елизабета Апостоловска од ДИК рече дека Комисијата нема надлежност да одлучува по ова прашање и оти тоа го заснова на некои членови од законот за влада.

Борис Кондарко, пак, додаде дека ДИК нема моќ да дава проценки за законитоста на правните акти бидејќи тоа било во надлежност на судот.

Потпретседателот на Комисијата, Дитмир Шеху, рече дека надлежноста на ДИК би можело да се однесува на финансиските и на кадровските избори, но не и на одлуките на министерот за именувањата.

„Заклучуваме дека овој документ не е акт кој се занимава со финансиски и кадровски работи за организирање на избори регулирани со законот за влада член 46 став 3 од законот за влада“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.