Дино Мерлин го наполни плоштадот во Скопје, граѓаните со желби за успешна година

0
72

Отчукување на часовникот на полноќ и традиционалниот спекталукарен огномет го означија почетокот на новата 2020 година. Здравица, искрени прегратки и желби си посакаа сите оние кои решија новата година да ја дочекаат од центарот на градот. Скопскиот плоштад синоќа беше претесен за да ги собере сите обожаватели на музичката ѕвезда Дино Мерлин, кој ги забавуваше до доцна во ноќта.

Без разлика од каде и да беа дојдени луѓето, во сите од нив тлееше надеж новата година да биде поуспешна и посреќна од претходната.

Многубројни беа и оние кои одлучиле најлудата ноќ да ја дочекаат на затворено.- еуфоријата не изостана во кафулињата и ноќните клубови.

Освен со музика и алкохол, празничната магија беше силно „зачинета“ со пиротехника.