Драма во Камбоџа: Се урна зграда во изградба, има загинати и повредени, се трага по исчезнатите работници

0
73

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени денеска кога се урна седумкатна зграда во изградба на југот од Камбоџа, соопшти полицијата.

Седумкатната зграда во приморската провинција Кеп се урна додека внатре биле околу 20 работници, од кои некои биле на пауза, рече еден локален полицаец, пренесе АП.

Според зборовите на заменик шефот на полицијата Нгуон Самет, 17 работници се спасени.

Некои од спасените се во критична состојба, додека други имале само полесни повреди.