Државна Лотарија искеширала 14 милиони евра за коцкарски апарати, парите биле „нивни“

0
87

Скандалозно потрошени пари и тоа, не за корисни работи за граѓаните, туку за набавка на коцкарски машини ! Државна Лотарија на Македонија потрошила неверојатни 13,9 милиони евра за коцкарски слот-машини, а не 6,5 милиони евра, како што претходно беше потврдено од компанијата, која на 2 јануари годинава за таа цел склучила договор со бугарската фирма „Евро Гамес Технологи“ за набавка на 1.500 апарати за коцкање .

Вистинската сума за набавка на апаратите ја посочува пратеникот Илија Димовски на својот фејсбук профил, кој открива дека Државната лотарија направила два тендера за набавка на коцкарски апарати во рок од 20 месеци.

„Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендер за набавка на коцкарски апарати. Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 евра, а вториот пат на 02.01.2020 за 6.548.500 евра.