Дувњак по триумфот на Хрватска: Никогаш не сум играл ваков натпревар

0
164

Жељко Муса го даде клучниот гол во победата на Хрватска над Норвешка и пласманот во големото финале, но по дуелот во Стокхолм го пофали репрезентативниот колега и капитен Домагој Дувњак.

Пивотот постигна погодок во последните секунди и ги однесе „каубоите“ во битката за првото европско злато.

„Ќе преспиеме со медал во раце, ама не се задоволуваме со тоа. Дојдовме да победуваме на секој натпревар. Така ќе биде и во финалето. Дувњак е национален херој, секоја чест, под грчеви да играш 5-1 во одбрана, а потоа да играш и во напад, тоа е нереално. Мора на целиот тим да му симнам капа, игравме за навивачите, за нашата Хрватска“, изјави Муса по мечот.

Домагој Дувњак одигра уште еден фантастичен натпревар за Хрватска, а по мечот и самиот беше импресиониран од мечот и успехот.

– Најпрво да им честитам на соиграчите и стручниот штаб за оваа епска борба. Никогаш во животот не сум одиграл ваков натпревар, покажавме хрватски карактер, продолживме да играме и кога имавме пад.

– Мислам дека победивме заслужено, не се ни сеќавам на половина од тоа што се случуваше во продолженијата, само го гледаш семафорот и се исклучуваш, – изјавил хрватскиот капитен.