ЕБОР бара консултант за мониторинг на хидроенергијата во Албанија и Северна Македонија

0
117

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави дека во соработка со граѓанскиот сектор бара консултант за развој на заедничка методологија за мониторинг на хидроенергијата во Албанија и Северна Македонија.

Во соопштението на ЕБОР се посочува дека ангажманот на консултантот ќе почне во текот на првиот квартал на 2020 година и ќе трае 18 месеци.

Според ЕБОР, проектот предвидува развој на методологија за мониторинг на хидроенергијата во Албанија и земјава и усогласување протокол за следење меѓу релевантните заинтересирани страни.