Евроатланските перспективи главна тема на средбата помеѓу Пендаровски и еврокомесарот Вархељ

0
75

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за аспирациите на земјата за членство во Европската унија.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархељ.

Посакувајќи му добредојде, претседателот Пендаровски му го честиташе именувањето на Вархељ за Комесар за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и му посака успех во работата и изрази очекување дека тој ќе дава цврста поддршка на перспективата за проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за аспирациите на земјата за членство во Европската унија.