Европската комисија во обид да воведе единствена минимална плата

0
74

Фер загарантирана минимална плата во сите земји членки на Унијата. Европската Комисија го објави својот план за заеднички минималец, за да се спречи експлоатацијата на евтината работна сила. Комесарот одговорен за работни места Николас Шмит изјави дека во многу земји членки на ЕУ работниците за исти професии добивале значително пониски плати во различни држави. Затоа Комисијата работи на акциски план кои би требало да биде готов догодина.

Сите работници мора да имаат фер плата која ќе им овозможи пристоен стандар на живот. Премногу работници во ЕУ се уште живеат во сиромаштија. Ние мора да ставиме рамка на минималанта загарантира фер плата во ЕУ, изјави Николас Шмит, комесат на ЕК за работна сила

Но ваквиот план веднаш наиде на критика од скандинавските земји, кои нема да ја прифатат иницијативата, бидејки може да ги поткопа нивните колективни системи за договарање. Во Данска, Шведска и Финска Синдикатот се договара со работодавачите и заеднички ги утврдуваат платите, кои обично се повисоки отколку во другите земји, однесно околу 15 евра на час.