Еди Рама го тужи Рамуш Харадинај за „клевета“

0
129

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Премиерот на Албанија Еди Рама поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, за клевета. Рама тужбата ја поднесе пред Основниот суд во Приштина.

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Во тужбата се споменуваат неколку емисии, во кои Харадинај зборувал на оваа тема и го обвинил Рама, дека заедно со претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја иницирале идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово.

– На 17.10.2019 и 29.10.2019, тужениот Рамуш Харадинај, во време на дадената изјава, вршител на должноста премиер на Република Косово, во текот на едно интервју за новинарот Артур Жеј, објавено во емисијата 360 степени на датум 17.10.2019 како и за време на интервјуто дадено на 29.10.2019 година во емисијата Пресинг Зона на Т7, говорел невистинити работи на адреса на тужителот со последици по неговата чесност, персоналност и репутација-, се вели во тужбата.