Екатерини Сакеларопулу, новата претседателка на Грција

0
109

Барањето за поништување на Договорот од Преспа; присуството на деца бегалци во училиштата; државјанство за децата родени во Грција од родители кои не се Грци; религијата во личните карти во Грција, се само дел од случаите разгледани од Советот на државата кои грчките медиуми ги поврзуваат со новоизбраната шефица на државата Екатерини Сакеларопулу, како од периодот додека беше претседателка на највисокото судско тело, така и претходно како член.

По предлог на поранешниот премиер Алексис Ципрас, стана првата жена претседател на Советот на државата, по предлог на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, стана првата жена претседател на Грција. Шеесет и тригодишната Екатерини Сакеларопулу е неполитичка и непартиски личност, а од највисоката позиција во правниот систем, преминува на највисоката позиција во државата.

-За жените е тешко да стигнат на врвот на многу професии – феноменот „стаклен таван“, е само една карактеристична реченица од говорот на Сакеларопулу од 16 јануари 2019 на тема „Жените на лидерски позиции“.