Еколозите ги обвинуваат партиите дека профитот им е поважен од чистиот воздух

0
72

Дворските игри’ кои партиите ги играат во парламентот под превез на преговори за ‘законот за отпад’ се најнов доказ дека чистиот воздух за нив е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси, како тој за увоз на опасен отпад“, се вели во соопштението на иницијативата “Fridays for Future” („Петоци за Иднината“), која како дел од коалицијата и предводник на Зелената револуција, за утре во 15 часот, најави мирен собир и „окупирање на просторот пред Собранието“.

Активистите ќе бараат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери и објаснување – зошто донесувањето на Законот за управување со отпад по скратена постапка, континуирано се одложува. Тие се децидни дека „отпад како извор на енергија е бесмислица, дека изворите на енергија мораат да бидат чисти, одржливи и обновливи, дека отстранувањето на отпадот преку согорување е апсурд, дека отпадот мора безбедно да се складира и да се рециклира, како и дека секоја држава мора да се справува со отпадот што го создава на одржлив начин, а не да го фрла кај другите!“.