Емил Јакимовски приведен во полициска станица по пријава за семејно насилство

0
85

Полициски извори потврдуваат дека попладнево е приведен Емил Јакимовски, до неодамна вработен во Централнито регистар, по претходна пријава за семејно насилство. Тој пред неколку дена, исто така, беше во полициска станица на информативен разговор по изнесените закани на социјалните мрежи кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

„Лицето Е.Ј. е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за натамошна постапка во координација со ОЈО Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од скопското Обвинителство истакнуваат дека сè уште немаат добиено кривична пријава од МВР. До нив единствено е стигнало барање од МВР за издавање наредба за обезбедување на телефонската и интернет комуникација на Јакимовски.