Жител од тетовско Камењане го изгуби животот

0
102

Жител од тетовско Камењане го изгуби животот откако бил удрен од автомобил. Возилото го управувал малолетник од 14 години.

-Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило “рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово