Загадувањето на воздухот и понатаму алармантно во неколку градови во земјава

0
85

Ако не по немањето снег, оваа зима ќе се памети и по енормното загадување на воздухот. Барем ова го покажуваат индексите за мерење на квалитетот на воздухот, а кои нашата земја ја редат на врвот на светската листа. Според заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, сè уште не е пречекорен лимитот и оти мерки се преземаат според индексот од системот за мониторинг на загадениот воздух.

Минатата зима Град Скопје четири пати прогласуваше вонредна состојба поради загадениот воздух по што беа преземани мерки во режимот на сообраќај, намалување на работата на фабриките од тешката индустрија, а беше одложен и почетокот на второто полугодие. Граѓаните се загрижени и поради увозот на токсичен отпад за согорување на кое екологистите го гледаат како голем загадувач. Но, градоначалникот на Скопје не знае дали во депонијата Дрисла бил пален и увезен отпад.