Заев: Благодарение на Глигоров граѓаните се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот

0
68

Денес се навршуваат осум години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија. Киро Глигоров ги поврза двата столба на македонската државност – АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991. Тој имаше исклучителна улога во процесот на политичкото и мирољубиво осамостојување на земјата и на нејзиното меѓународно признавање, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Благодарение на него, пишува Заев, денес граѓаните на Македонија се движат по јасно трасиран пат на безбедноста, демократијата и напредокот.