Заев се надева на двотретинско мнозинство за законот за обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ единствено сака амнестија за криминалот

0
87

Власта и опозицијата во нов обид да го усогласат законот за јавно обвинителство. Во собранието во 16 часот ќе се одржи средба, на која работни групи од власта и опозицијата треба да разговараат околу законот за обвинителство, кој Европската Унија очекува да биде донесен до распуштање на собранието. Партиите, всушност, ќе разговараат за четврт предлог на овој закон, за кој партиите не можат да се договорат цела година.

Лидерот на СДСМ се надева дека ако не консензус ќе биде постигнато барем двотретинско мнозинство за предлог закон. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ единствено сака да постигне амнестија за своите криминали.