Законот за ЈО, не може во редовна постапка

0
85

Законот за јавно обвинителство треба да биде договорен меѓу партиите пред да влезе во собраниска постапка. Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека доколку нема претходно усогласување на ставовите, нема време за редовна постапка и расправа по законот.

Доколку новиот предлог-закон е во редовна постапка, нема временски рок и можност да се спроведе затоа што процедурите според Деловникот предвидуваат други околности и други обврски. Во скратена постапка, можно е да се донесе законот дури и во овој рок пред распуштање“-изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.