За само 48 часа Кинезите ја направија првата болница за коронавирусот за 1000 пациенти

0
71

Првата група на пациенти со коронавирус е веќе пренесена во регионалниот медицински центар Даби вчера околу 22:30 часот по локално време, известија локалните медиуми.

Проектот е завршен во рок од 48 часа благодарение на заедничкиот напор на персоналот од градежните фирми, комуналните компании и полициските службеници, на кои им помагале бројни волонтери , соопштија надлежните градски власти.

Регионалниот медицински центар Даби е првата болница за коронавирус што е отворена во Кина. Работниците и волонтерите поминаа два дена обновувајќи ја празната зграда.