Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер регистриран во Далмација и БиХ

0
133

Епицентарот на земјотрес бил на 31 километар југоисточно од Мостар, односно на околу 65 километри од Дубровник

Земјотрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер денеска околу 15.00 часот бил регистриран во Далмација и во Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотрес бил на 31 километар југоисточно од Мостар, односно на околу 65 километри од Дубровник, пренесува Индекс.

Според првичните информации, засега не е познато дали имало жртви или била причинета некаква материјална штета.