Земјотрес од 5 по Рихтер во Грција

0
122

Земјотрес од 5 степени според Рихтер е регистриран на брегот на Грција во Јонското Море, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил регистриран во 4:52 часот по локално време.

Епицентарот е на 6 км од селото Балсамата на островот Кефалонија во Јонското Море, на длабочина од 5 километри.