Инвеститорите: Изборите и техничката влада да не ја блокираат економијата

0
96

Економијата во земјава и покрај претстојните избори и техничката влада не смее да се стави на пауза. Директорите на државните институции одлуките да ги носат на време, а не да ги одложуваат поради изборите. Ваква порака испратија денеска од Советот на странски инвеститори во земјава пред почетокот на состанокот со претставници на Владата.

„Ги повикувам директорите на фирмите и странски и домашни, да не чекаат одлуки да носат после изборите, туку да реагираат веднаш и сега да донесуваат одлуки“, рече Штефан Петер- Претседател на Совет на странски инвеститори.

На средбата со владините претставници се зборувало за проблемите со кои се соочуваат странските фирми кои работата во земјава.

„Ние не доставуваме проблеми до Владата, туку доставуваме решенија. Работиме на две иницијативи. Првата е поврзана во врска со царините, а втората е одливот на стручни кадри. Населението се иселува во други земји“, додава Петер.