Инспекторите за животна средина децидни: Секој оџак објавен на социјалните мрежи не го загадува воздухот

0
85

Скопје и во новата година се гуши, скопјани бараат одговорност од властите, а спас од загадувачите гледаат во редовните и вонредните инспекциски контроли.

Утринава во Скопје воздухот беше значително загаден и тоа на повеќе локации. Мерните станици покажуваа дека најголема загаденост има во Скопје – кај Ректорат беа измерени РМ10 176 µg/m3 во осум часот утрово, во Миладиновци 207 µg/m3, а во Ново Лисиче 180 µg/m3. Дозволените ПМ10 честички (честички со големина помала од 10 микрометри, лесни за вдишување) во воздухот се 50 µg/m3.

Како што регистрира порталот „airvisual“, кој ги прикажува податоците од мерните станици во сите поголеми градови во светот, во Скопје денеска се измерени 180 микрограми од опасните честички ПМ 2,5 на метар кубен воздух.