Ирански дипломати во Албанија прогласени за непожелни

0
101

Албанија прогласи за непожелни двајца ирански дипломати, потврди овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај. Локалните медиуми посочуваат дека тие биле запознати со иранскиот план за напад на американски амбасади, поради што и САД во воздушен напад го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Цакај, на својот профил на Фејсбук напиша дека за непожелни се прогласени Мохамад Али Арз Пеиманемати, трет советник и Сејед Ахмад Хосеини Алсат, аташе за култура поради активности во „спротивност со нивниот статус“. Тие земјата треба да ја напуштат во рок од 72 часа.