Иран и САД можат да го „запалат“ целиот регион

0
79

Тензиите меѓу Иран и САД, предизвикани од убиството на иранскиот висок по ранг генерал Касем Сулејмани, можат да се прелеат на целиот регион. Во прва линија би се концентрирале врз Ирак. Возилото на Сулејмани било погодено од американски дрон во близина на аеродромот во ирачкиот главен град Багдад. Дека ова може да предизвика брзо напнатости и во самиот Ирак, навестува повикот на американската амбасада во Багдад, која ги повика сите американски државјани итно да ја напуштат земјата, исто така и да не се приближуваат до амбасадата.

Начинот на реагирање на Иран по убиството на еден од своите најважни генерали во основа е тешко предвидлив, вели експертот за Блиски Исток, Санам Вакил од лондонскиот Кралски институт за надворешна политика. Но, исклучено е дека владата во Техеран ќе се воздржи од реакција на убиството на генералот. Освен тоа, Иран ќе посегне по цела редица косеквенци, очекува Вакил. „Во наједноставните можности спаѓа ескалирање на ситуацијата во Ирак“. Погодна можност за такво нешто пружа тамошната ситуација на растечки вакуум во власта по оставката на премиерот Адел Абдел Махди. А и тој токму тоа го предвидува – нападот „ќе предизвика уништувачка војна во Ирак“, предупреди Махди.