И Албанија по наш пример, ќе ја намалува сивата економија или преку проект „МОЈ ДДВ“

0
137

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска оствари средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај. На средбата биле пренесени искуствата за проектот #MojДДВ.

Директорката на албанската Управа Делина Ибрахимај, вели дека во Албанија стапката на сива економија е на ниво од 30% . Токму поради тоа сметаат дека со оваа мерка и кај нив сивата економија драстично да се намали.