Кацарска згрозена возврати на прозивките од Стефанова

0
84

Три дена и беа потребни на судијката во кривичниот суд во Скопје Добрила Кaцарска да да ги отфрли прозивиките од обвинителката Лиле Сtефанова, кажани во сведочењето во предметот „Рекет“, дека се интересирала и прашувала кој ќе биде исходот оД барањето притвор за Орце Камчев. Кацараска е изненадена од споменувањето на нејзиното име бидејќи тој ден била на работа во судот, од сабајле до вечер. Писмото на Кацарска е адресирано до Судскиот совет од кого бара да испита дали таа се мешала во судски одлуки во кривичниот суд.

Бев згрозена од ваквата изјава, односно од нејзиното сведочење со оглед да се работи за целосна невистина бидејќи во ниту еден момент не само што нејзе не сум и се јавила, а најмалку пак сум и вршела притисок, туку апсолутно неточно е дека сум и пуштила некој нејзин колега обвинител, пишува таа.