Кирацoвски: Поништувањето на лустрацијата ја кочи и ДУИ

0
69

Кон ВМРО-ДПМНЕ, опструкција на поништувањето на лустрацијата се придружија и ДУИ и Демократската партија на Турците поради што не може да се почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.

Најави координација меѓу владините партнери на СДСМ и ДУИ на повисоко ниво.

Тој рече дека сепак ќе се бараат начини лустрацијата да се поништи бидејќи со тоа била нанесена неправда.