Курто Дудуш доби судска опомена за нанесување телесна повреда

0
71

Курто Дудуш градоначалникот на општина Шуто Оризари денеска од судијата Ѓоко Ристов од Кривичниот суд „заработи“ пресуда судска опомена по однос на поднесената приватна тужба од тужителот Демир Исмаил. Тој беше обвинет за нанесување на телесна повреда.

Во судницата, градоначалникот Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното.

Нападниот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

По признанието за сторениот напад, судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна “судска опомена” на градоначалникот на Шуто Оризари. 

Демир Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.