„Ла Верита“ објави нови документи за наводни изборни нерегуларности

0
82

Овој пат, медиумот, тврди дека Заев и неговиот брат во соработка со уште неколку лица од Струмица, поткупувале граѓани, пред се од ромска националност за да гласаат на изборите за СДСМ..

Весникот, кој објавува документи со наводни транскрипти од посебните истражни мерки, пишува дека на граѓани им биле нудени и градежни материјали и поврзување на комунална инфраструктура..

Вчера Заев ги отфрли ваквите наводи и рече дека ако имало докази за нерегуларности во 2014-та, тој ќе бил веќе осуден..