Лила за Боки 13: Скарани не сме, ама не сме повеќе пријатели

0
105

ТВ водителката Лила Стојановска денеска сведочи за случајот рекет каде првообвинет е Бојан Јовановски. Таа пред да почне со сведочењето, прашана од судот дали е во роднинска врска или скарана со обвинетите, кажа:

-Скарани не сме, ама не сме повеќе пријатели, рече тв водителката, која кажа дека со Јовановски се знаеле со години и често се карале.

Лила Стојановска откри дека дала позајмица од 25.000 евра за 1ТВ.