Македонија падна за 13 места на ранг листата за борба против корупција

0
70

Индексот на Траспаренси Интернешнал кој рангира 180 држави од целиот свет според нивото на перцепција на корупција во јавниот сектор, ја постави Македонија на ниското 106то место, 13 места подолу од минатата година. Од вкупно 100 можни поени, каде 0 поени значи највисок степен на корупција, а 100 најнизок, Македонија освои само 35 поени.

Заедно со Албанија која исто така има само 35 поени, овие две држави се меѓу последните во регионот. Пред нив со 36 поени се Косово и Босна и Херцеговина, со 39 поени Србија и со 45 поени Црна Гора.

Претседателката на Транспаренси Интернешнал, Слаѓана Тасева вели дека оваа година Македонија наместо напредок, покажува регрес.

„Резултатите се формираат на основа на показателите за последните две години, што ќе каже дека оваа година се вративме на нивото пред изборите и пред промената на власта во 2016 година. Оваа порака треба да не загрижува и сериозно да се побара и да се очекува промена на барањата од политичките субјекти пред изборите во април. Во годините што претстојат неопходни се натамошни суштински реформи во сферата на борбата против корупцијата“, потенцира Тасева.