МАКЕДОНСКИОТ СТУДЕНТ ЈАДЕ ПО ЕДНА БАНАНА МЕСЕЧНО

0
73

Со 3,5 милиони евра годишен буџет , на студентите кои домуваат во студентските домови им следува само една банана месечно и 1 кг свинско месо, реалноста во која се наоѓаат полесно ќе ја сварат со литро и половина јогурт, велат најновите анализи на младинскиот образовен форум. Уделот на буџетот во платите на вработените е двојно поголем од оној за трошоци за храна на студентите

Од младинскиот образовен форум информираат дека во периодот од 2015 до 2018 година се направени 193 договори за јавна набавка од кои 67 за храна. Сето тоа од таму велат, не е доволно за квалитетен и здрав студентски живот.

Според испитаниците, просечната оцена за генералниот квалитет на живот во студентските домови, на скала од 1 до 5, изнесува 2,93, просекот велат го подобрува новоизградениот дел во студентскиот дом Гоце Делчев. Лошите услови за живот во студентските домови, недостигот на простории за учење и недостатокот на спортски и културни активности се издвојуваат како главни полиња на интерес за студентите, станари.