Марковски, Крстевски: Добро ја анализиравме Чешка и против нив ќе биде многу потешко отколку во првиот натпревар

0
157

Репрезентацијата на Чешка нам ни е позната од претходните средби во квалификациите и на првенствата и нивната игра е добро анализирана, изјавија дел од нашите репрезентативци пред вториот натпревар на Македонија на ЕП. Добра игра во одбраната и концентрација во нападот ќе бидат клучни во денешниот натпревар против нив, сметаат репрезентативците Марковски и Крстевски.

Тие очекуваат многу потешка битка за бодовите отколку на претходниот натпревар со Украина. Победа над репрезентацијата на Чешка би значело и пласман во втората фаза на ЕУРО2020.